Стадионот во Наполи ќе биде именуван по Марадона?

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Првиот човек на Наполи по ненадејната смрт на поранешниот фудбалер на овој клуб, со кого освои две титули во Серија А, изјави дека постои можност името Диего Армандо Марадона да биде додадено на сегашното име на стадионот „Сан Паоло“.

-Ја разгледуваме идејата да го наречеме нашиот стадион „Сан Паоло-Диего Армандо Марадона“ – откри Де Лаурентис.

Поради смртта на Марадона, „Сан Паоло“ ќе ги остави своите рефлектори вклучени цела ноќ.

Потсетуваме, Марадона почина попладнево од срцев удар во 60-та година од животот.

Слични содржини