323
Јелена Ѓоковиќ деновиве е во Лондон поради Вимблдон каде што се натпреварува нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ.
И додека тој тренира за натпревари, Јелена поминува квалитетно време во англиската престолнина и за тоа ги информира луѓето на социјалните мрежи.
Откако пред неколку дена прошета во црвени чевли на познат бренд кои чинат речиси 1.000 евра, сега има нов скап детал.
Таа го посети музејот на Вимблдон и објави некои од најинтересните кадри, а за оваа прилика облече спортска верзија. Таа носеше бела маица и крем панталони со патики и џемпер во иста нијанса.
Овој стајлинг го надополнила со чанта од „Кристијан Диор“ вредна 3.350 евра.