Сталоне смета дека Трамп е „вториот Џорџ Вашингтон“

од Nikola Popovski
54 прегледи

Легендата на американскиот филм Силвестер Сталоне го поздрави новоизбраниот претседател Доналд Трамп како уште еден Џорџ Вашингтон за време на гала-вечерата во Мар-а-Лаго во четвртокот, објавија американските медиуми.

Најавувајќи го појавувањето на Трамп на сцената, Сталоне го спореди со „таткото на нацијата“.

„Кога Џорџ Вашингтон ја бранеше оваа земја, не можеше да замисли дека со неа ќе го промени светот“, изјавил познатиот актер.

„Не можете да замислите каков би бил светот без него. Знаете што? Имаме уште еден Џорџ Вашингтон“, рекол Сталоне.

Сепак, популарниот „Роки Балбоа“ не застана тука. Тој го нарече Трамп и „митски лик“ и неговата победа ја оцени како подвиг што „никој друг на светот не може да го направи“.

Слични содржини