Пензионираниот правник, Стамен Филипов, рекордер по поднесени иницијативи до Уставниот суд, ја оспори уставноста на измените во законот за ДДВ од 2014-та година.
Со измените се намали прагот за станување ДДВ обврзник на фирмите и граѓаните се намали од 2 на 1 милион денари.
Според Стамен Филипов причина да ја оспори уставноста на измените во законот за ДДВ е тоа што удира по џебот на најсиромашните граѓани или оние кои едвај врзуваат крај со крај. Мерката била непоропорционална. Измените уште пред две години, Филипов ги оцени како потег преку кој власта ќе се обиде на грбот на граѓаните да ја полни веќе испразнетата буџетска каса. Стаменов смета дека Уставниот суд конечно ќе се одважи и ќе ја прифати неговата иницијатива иако изминатиот период како што вели Уставниот суд покажал дека е под директна контрола на власата и бескруполозно ги спроведува нивните барања.
