Стаменкова: Институциите да создадат систем во кој жените ќе учествуваат рамноправно во јавниот живот

Да ги учиме децата дека лидерството и одговорноста не се машки или женски квалитети, туку човечки вредности, вели за „Локално“ градоначалничката на Македонска Каменица.

од Бисера Трајковска
8 прегледи Фото: Фејсбук/ Соња Стаменкова

 Жените во политиката сè уште се гледаат низ призма на предрасуди. Промената мора да почне од воспитувањето и образованието. Да ги учиме децата од најрана возраст дека лидерството и одговорноста не се машки или женски квалитети, туку човечки вредности, вели за „Локално“ градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Според Стаменкова, сеуште доминира впечатокот дека политиката е „машка професија“ и дека за такви функции треба „машка рака“.

Институциите, пак, треба да создадат систем во кој жените ќе имаат реална можност и поддршка да учествуваат рамноправно во јавниот живот, појаснува Стаменкова.

Градоначалничката верува дека родовата еднаквост не се постигнува само со квоти – таа се гради со култура на почит и еднаква вредност.

Б.Т.