Станаа филмски ѕвезди без ниту еден ден училиште за глума

Не сите актери завршиле училиште за тоа. Многу од нив имале различни цели за животот, но се нашле во Холивуд, поради својот природен талент.

Том Круз

Том од мал сакал да гледа филмови и работата на една претстава ќе го смени неговиот живот. Тој дошол во Њујорк да стане актер и шест месеци подоцна ја добил улогата во филмот Taps. Во 1990 година станал најплатениот актер на светот.

Џим Кери

Кери имал интересно детство. Живеел во комбе со своето семејство и како тинејџер сонувал дека ќе стане успешен. Добил улога во серијата In Living Color, која ја лансираше неговата кариера. Од тогаш само нижи големи улоги и никогаш не потрошил ниту еден денар за актерско школо.

Мег Рајан

Додека бркала кариера на новинар во Њујорк, започнала да посетува аудиции за реклами и ТВ серии. Глумела во реклама за Бургер Кинг и паста за заби. Како што нејзината кариера продолжила да расте, го напуштила факултетот за да глуми во филмови. И таа никогаш не посетила ниту курс за глума.

Камерон Дијаз

Некогашниот познат фотограф Џеј Дунас ѝ пришол и ја прашал кој е нејзиниот агент. Кога одговорила дека нема, Дунас ѝ ја дал неговата визитка и ѝ рекол да му се јави кога ќе има. Таа станала модел на агенцијата Elite и добила неколку помали улоги. Четири години подоцна, ја добила улогата во филмот Маска.

Џони Деп

Деп се преселил во Калифорнија за да стане музичар. Првата работа која ја добил било во телевизиска продажба за моливи. Кога дал отказ, неговиот пријател Николас Кејџ го запознал со својот агент. Набргу Деп ја добил улогата во A Nightmare on Elm Street.

Жоакин Феникс

Феникс е актер, продуцент и музичар. Тој и неговите братучеди некогаш настапувале на улица за да го издржуваат семејството. Во меѓувреме, ги забележала агентката Ирис Бртон, која им осигурала работа во ТВ серии и реклами. Жоакин зел пауза откако починал неговиот врат Ривер Феникс. КОга се вратил, глумел во многу блокбастер, доби Оскар и многу престижни награди за улогата во филмот Џокер.

Кристијан Бејл

Бејл го напуштил училиштето на 16 години и ја започнал својата кариера глумејќи во реклами, што го лансираше во филмската индустрија. Познат во одличното претставување на суперјунакот Бетмен, но и по својата извонредна глума. тој е во состојба драстично да се змени за потребите на филмот и да ја заврши својата работа најдобро што може.

Расел Кроу

Кроу стана познат по улогата во филмот Гладијатор, за која доби Оскар. Тој својата прва улога ја доби благодарение на одличните конекции на своето семејство. Го напуштил училиштето кога имал 16 години, за да стане актер. Неговата посветеност му донесе многу улоги.

Метју Меконахи

Студирал на универзитетот во Тексас, кога ја нашол книгата The Gratest Salesman in the World која му го смени животот, бидејќи поради неа станал актер. Кариерата ја започнал во неколку реклами и студентски филм. еден ден го запознал Ричард Линклатер кој подоцна го избрал за улога во филмот Dazed and Confused.

Хит Леџер

Хит го напуштил училиштето на 17 години за да започне актерска кариера. Заедно со својот најдобар пријател заминале во Сиднеј. Неговата прва улога била во ТВ серијата Clowning around. Станал познат по улогата во филмот 10 things I Hate About You, но најдобриот перформанс го имал во филмот Dark Knight, за улогата на Џокер. Леџер е совршен пример нека не ви треба училиште за да станете добар актер.

Слични содржини