Станаа јасни барањата на Салах за нов договор со Ливерпул

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Сагата за новиот договор на Мохамед Салах со Ливерпул станува се покомплицирана. Крилниот напаѓач пред неколку дена „фрли бомба“ во медиумскиот простор велејќи дека се уште не добил понуда за нов договор од „црвените“.

Салах е голема ѕвезда на тимот, а од почетокот на сезоната е во врвна форма. Самиот фудбалер изјави дека е разочаран од однесувањето на клубот, навестувајќи дека негова желба е да остане на „Енфилд“. Во овој момент сепак тоа не е нималку сигурно бидејќи веќе во јануари ќе може да преговара со други клубови.

Според поранешниот тренер на Евертон, Кит Вајнс, прашање во преговорите меѓу двете страни е должината на договорот.

„Двете страни сакаат да се реши ситуацијата, но тука се работи за детали. Од она што го знам, тој сака да остане со тригодишен договор“, рече тој.

„Можеби Салах се обиде да изврши притисок врз сопствениците за да може побрзо да се завршат преговорите. Тоа е само бизнис и легитимна тактика. Сигурен сум дека имаше спорови околу должината на договорот. Се работи за тоа дали ќе добие понуда од две или три години. Преговорите сега влегуваат во одлучувачка фаза“, додаде поранешниот фудбалски менаџер.

Слични содржини