Бројот на граѓаните кои аплицираат за грант финансиска помош значително расте
Бројот на њујорчани кои аплицираат за грант за финансиска помош за да останат во своите домови, опасно расте како и бројот на луѓето кои престојуваат во засолништа за бездомници, достигнува рекордно ниво, објави “Њујорк пост” .Без помош која се доделува од фондовите на градот, при што речиси две третини од поднесените барања им се одобрени, дури и повеќе семејства ќе останат без покрив и ќе се нанесат во простории на системот за засолниште на бездомници.
“Мислам дека потребата е толку висока, што во последните неколку години има луѓе кои не се во можност да си дозволат да живеат во Њујорк “, рече Жизел Рјутие, директор во Коалицијата за бездомници. Бројот на сиромашните може да се утврди по количеството луѓе кои бараат засолниште кое го обезбедуваат градските власти . На 18 септември со оваа можност се користеле 59 734 лица, што надминува рекордот од 2014 година, кога бројот е 59 068.