Стандардот WPA3 е најголемото ажурирање во сферата на Wi-Fi безбедноста по една деценија

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Wi-Fi технологијата е интегрален дел од секојдневниот живот и им овозможува на нашите паметни уреди да се поврзат и да комуницираат едни со други, а исто така да се логираат на интернет. Малку познат факт е дека безбедносниот протокол што го користиме денес не е надграден повеќе од една деценија. Официјалната премиера на WPA2 беше во 2004 година и дури сега има клучно значење за безбедноста на нашите уреди кога се најавуваме во Wi-Fi мрежи. Wi-Fi Alliance веќе започна со сертификација на производи со наследникот на овој протокол, пишува „TheVerge“.

Не е изненадувачки што ажурираниот стандард се нарекува WPA3 и нуди голем број на безбедносни подобрувања. Новиот протокол во голема мера ќе ги попречи обидите на хакерите да ги препознаат нашите лозинки со континуирано внесување на можни комбинации. WPA3 воведува друго ниво на сигурност што е потребно да се надмине за да се украдат нашите лични информации, дури и ако тие ја знаат лозинката на соодветната сметка. Функцијата Forward Secrecy, на пример, е дизајнирана да ја спречи варијантата старите податоци да бидат хакирани во подоцнежна фаза.

Целосното навлегување на WPA3 во индустријата е процес кој ќе трае со месеци. Исто така, имајте на ум дека треба да купите нови рутери и опрема што се компатибилни со овој стандард. Сепак, уредите WPA3 ќе имаат начин да се поврзат со оние кои поддржуваат WPA2. Овој фактор, пак, ќе придонесе позитивно за влезот на новиот протокол. Многу е веројатно дека ќе бидеме сведоци на повеќе производи од водечките производители со поддршка за WPA3 во следната календарска година.