Новиот градоначалник на Бања Лука и најмладиот член на Собранието на Република Српска, Драшко Станивуковиќ, за емисијата „Пресинг“ рече дека Мрослав Додик бил премногу убеден во победата на СНСД во Бања Лука на локалните избори.
Имајќи предвид дека Додик за време на кампањата рече дека подготвил фонд за јагниња и свињи, Станивуковиќ рече дека короната ги пореметила тие фондови, но дека е важно она што тој го зборувал претходно а тоа е дека никогаш не е добро да се потцени некој.
Младиот политичар вели и дека Србија разбрала дека Република Српска не е Додик, туку само политичка фигура.
Тој зборуваше и за водачот на СНСД, кој пред два дена рече дека ќе воведе санкции против Бања Лука, додека вчера рече дека нема, а потоа се осврна на скандалот со прислушувањето.
„Интересно е што додека граѓаните се прислушуваа, ние ги слушавме граѓаните. Разликата меѓу политичарите и државниците е во тоа што државникот мисли на народот. Имаме визија и тоа е нешто што луѓето од РС го препознаа“, рече овој млад политичар.
За тоа дали е можно муслиман да биде избран за градоначалник на Бања Лука, Станивуковиќ рече дека тоа не е можно.
„Над 90 проценти од населението во Бања Лука се Срби, а Статутот на градот е дека заменик-градоначалник може да биде некој од друга националност и мислам дека се почитуваат одредени насоки по тоа прашање, но и дека може да се работи на тоа“, посочи тој.