242
Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано денеска повтори дека високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, ги поканил премиерот на Приштина, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Брисел следната недела на средба во врска со кризата.
„Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, во светло на тековната ескалација и во отсуство на значајни чекори кон деескалација, ги покани двајцата лидери на Србија и Косово во Брисел следната недела на кризен состанок“, рече Стано, додавајќи дека не може да дава повеќе детали.
„Процесите се во тек, не можам да кажам ништо повеќе. Наскоро ќе објавиме повеќе детали“, изјави Стано.