Стано: Целта на договорот не е признавање, туку нормализација на односите меѓу Србија и Косово

од Stefanija Kuzmanovska
119 прегледи

Портпаролот за надворешна политика на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека целта на европскиот договор за кој вчера разговараа српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти не е признавање, туку нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

На прашањето на словенечки новинар дали овој договор води кон меѓусебно признавање на Србија и Косово, Стано вели дека одговорот е „не“.

„Целта на договорот не е признавање туку нормализација на односите, а содржината на нормализацијата треба да се дефинира меѓу двете страни и тие да го направат тоа. ЕУ го олеснува дијалогот. Ние не им диктираме што да прават, ние помагаме во духот на европската зрелост и компромис, но целта и мандатот на Унијата е да им помогне да постигнат конечен сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализација на односите“, потенцира Стано.

Слични содржини