Стано: ЕУ е посредник, не наметнува решенија во дијалогот Белград-Приштина

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, за Танјуг изјави дека останува на ЕУ, како посредник, само да овозможи договор меѓу Белград и Приштина, а не да наметнува решенија или да коментира за процесот.

– Дневниот ред на секоја средба, како и датумите на состаноците се предмет на договор меѓу двете страни. ЕУ работи напорно и ги обезбедува своите најдобри услуги за да им овозможи на двете страни да се договорат меѓусебно за тоа како да напредуваат во дијалогот и како, на крајот, да се постигне конечен, сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализирање на односите – изјави Стано за Танјуг.

Во средата, Танјуг објави дека има проблеми во Брисел во врска со организацијата на новата рунда високо-политички разговори меѓу Белград и Приштина, најавена за крајот на септември, поради одбивањето на косовската страна да разговара за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Вчера специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, објави дека експертските разговори ќе се одржат на 28 септември, без на дневен ред да биде ЗСО, поради „неподготвеноста на едната страна да разговара за тоа“