267
Портпаролот на ЕУ Петер Стано вели дека ЕУ очекува Србија, во светло на „воената агресија врз Украина“, да не ги зајакнува дополнително своите врски со Руската Федерација и дека како земја кандидат за членство во ЕУ, таа постепено ќе ја усогласува својата политика кон трети земји со политики и ставови на Унијата, вклучително и наметнатите санкции.
„ЕУ сака да смета на Србија како искрен кандидат и сигурен европски партнер за заеднички принципи, вредности, безбедност и просперитет“, изјави Стано за „Танјуг“.
Портпаролот на ЕУ истакна дека целосното усогласување со надворешната и безбедносната политика на Унијата е силен сигнал за посветеноста на партнерот кон заедничките вредности и интеграцијата.