Стано: Грузија да не дозволи влез на руски авиони на нејзина територија

од Nikola Popovski
267 прегледи

ЕУ не им дозволува на своите авиокомпании да летаат за Русија и ја повикува Грузија, како земја која се стреми кон членство во ЕУ, да ги почитува санкциите против Русија и да не дозволи руски авиони да влезат на нејзина територија, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Стано рече дека ЕУ е запознаена со одлуката на руските власти да ја укинат забраната за воздушниот сообраќај меѓу Русија и Грузија, пренесува ТАС С.

– ЕУ воведе санкции за рускиот авијациски сектор и ја охрабрува Грузија, која сака да биде кандидат за членство во ЕУ, да ги почитува постоечките санкции на ЕУ и другите земји кон Русија во областа на воздухопловството, нагласи Стано.

Тој ја повика Грузија да не дозволи влез на „небезбедни руски авиони“ на нејзина територија бидејќи, како што наведе, поради санкциите, 95 отсто од руската авионска флота не може да ги надгради или подобри своите авиони, што е клучно за одржување на потребното ниво. на меѓународните технички и безбедносни стандарди.

Во средата, Русија го обнови безвизниот режим за граѓаните на Грузија и ја укина забраната за директни летови меѓу двете земји воведена во 2019 година, се вели во уредбата објавена на веб-страницата на руската влада.

Слични содржини