Стано: На свечената заклетва се случи „несреќен настап“, Скопје да ги почитува билатералните договори

од Nikola Popovski
559 прегледи

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано вчера дека за време на полагањето заклетва на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, се случил „многу несреќен настап“, бидејќи таа не го споменала официјалното име на земјата, наведувајќи дека ЕУ очекува Скопје да ги почитува билатералните договори, вклучително и оној со Грција.

„Ја видовте изјавата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, како и нашата најава за многу несреќниот инцидент, бидејќи новата претседателка не го спомена конститутивното име на државата за време на заклетвата. Што се очекува од Северна Македонија? Ова беше јасно наведено во извештајот за проширување минатата есен, во кој во делот за регионална соработка пишува дека државата мора да одржува добри односи со другите земји кои се во процес на проширување и да ја задржи својата вклученост во регионалните иницијативи“, рекол Стано на прес-конференција.

Тој подвлекол дека сите страни мора со добра волја да ги спроведуваат билатералните договори.

Тоа, вели, важи и за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, како и за Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

„Тоа се очекувањата на Европската унија“, истакнал Стано.

Тој посочил дека во Брисел со големо нетрпение очекуваат соработка со новите власти во Македонија, како со претседателката, така и со новата влада.

„Сакаме да ѝ помогнеме на земјата да оди напред и да ги исполни сите услови кога се во прашање пристапните преговори. Искрено мислиме, очекуваме и се надеваме дека новите власти ќе продолжат да ги исполнуваат своите обврски. Нема да влегуваме во шпекулации што ќе се случи доколку тоа не го сторат. Сега имаат можност да ги убедат сите во ЕУ дека се посветени на европската иднина и дека ќе дадат се од себе за успешно продолжување на пристапниот процес“, потенцирал Стано.

Слични содржини