Стано: Охридскиот договор е политичка обврска на Белград и Приштина

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека Охридскиот договор е политичка обврска на двете страни и она што земјите-членки на ЕУ и европските институции го очекуваат од Белград и Приштина.

„Тоа е политичка обврска на двете страни, тие се обврзаа да ги спроведат сите ставки без селекција и тука е во прашање меѓународниот углед и кредибилитет на двете страни доколку одлучат да не ги спроведат и да ги исполнат своите обврски“, рече Стано на прес-конференцијата.

На прашањето на албански новинар за судбината на Охридскиот договор бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека Србија ќе спроведе некои делови од европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а некои не, Стано одговори дека тој не би ги коментирал забелешките без целосниот контекст, но дека двете страни во Охрид се договориле веднаш да започнат со имплементација на сите точки од договорот, вклучително и анексот.

Слични содржини