279
Договорот меѓу Москва и Минск за распоредување на нестратешко нуклеарно оружје во Белорусија не придонесува за деескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија Петер Стано.
„Се разбира, ова не е чекор кон деескалација, ова не е чекор кон намалување на тензиите. Ова е чекор кој само ги зголемува тензиите, што исто така може да се гледа како натамошна ескалација и натамошна провокација во контекст на нелегалната агресија на Русија и Белорусија, која соработува со Москва“, рече Стано, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека ЕУ многу внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата.