Стаорци го нападнаа Париз

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Градското собрание на Париз привремено ќе ги затвори парковите во француската престолнина со цел да се застане на патот на големиот број стаорци, јави Би-Би-Си.

Веќе се затворени пет паркови, а наскоро ќе биде затворен и паркот Шам де Марс, во близина на Ајфеловата кула.

Соодветните служби тврдат дека популацијата на стаорци се зголемила поради големото количество ѓубре.

Кампањата на париските власти вклучува поставување замки и апел до јавноста да не ги храни стаорците и гулабите/ Се планира и редизајнирање на корпите за отпад за глодарите да не можат да влезат во нив.

Слични содржини