Стапчиња со шунка и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska
699 прегледи

Состојки:

Тесто:

– 20 гр свеж квасец

– 100 мл млеко

– 1 лажица шеќер

– 700 гр брашно

– 250 гр путер

– 100 гр павлака

– 1 јајце

– 1 лажичка сол

Фил:

– 200 гр кечап

– 200 гр шунка

– 40 гр пармезан

– 1 кафена лажичка оригано

– 1 јајце за премачкување

Подготовка:

Подгответе го филот така што ќе ставите кечап, сечканата шунка, рендан кашкавал во процесор за храна и сè убаво ќе иситните. На крај додадете го ориганото.

Квасецот прелијте го со топло млеко, додадете шеќер и лажичка брашно, измешајте и оставете да нарасне 10 минути.

Додадете го квасецот, омекнатиот путер, павлаката, јајцето, солта на половина од брашното и сè убаво замесете, постепено додавајќи го преостанатото брашно.

Добиеното тесто веднаш поделете го на два дела и секој дел виткајте го во правоаголник дебел половина сантиметар.

Првото тесто премачкајте го со подготвениот фил и покријте го со второто тесто. Исечете ленти широк еден сантиметар и пресечете ги на половина хоризонтално.

Секоја лента завртете ја во спирала и ставете ја на плех (30×40) обложен со хартија за печење.

Премачкајте го тестото со изматено јајце и печете во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути.

Слични содржини