Еден ден пред самитот во Брисел и малку порано од планираното, во Германија  стапи  на  сила новиот пакет законски мерки за правото за стекнување азил во земјата, што „меѓудругото, предвидува и луѓето од Балканот да добиваат легални можности за наоѓање работа“.

мигранти ноке

„На луѓето од БиХ, Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора треба да им се даде шанса за ’легална миграција’ и за работа во Германија“, наведуваат германските медиуми, претставувајќи го пакетот нови законски решенија, чија цел е совладување на бегалската криза.

„Оној кој може да докаже дека има работен договор или договор за образование во согласност со тарифните стандарди на земјата, ќе смее да работи или да се образува“, предвидува новиот закон што, всушност, требаше да стапи на сила од 1 ноември.

Пакетот законски мерки, за кои се вели дека претставуваат заострени услови за стекнување азил, предвидува интензивно протерување на одбиените азиланти во земјите од кои потекнуваат, што се однесува, пред се, на Балканците кои доаѓаат од таканаречените земји со безбедно потекло.

„Тоа значи дека во овие земји нема ниту политички прогон, ниту политичко мачење, па со самото тоа ниту услови за стекнување азил, иако нивните барања можат поеднечно да се проверуваатbegalcibegalci2-540x300.

„Помошта за бегалците во 2016 година ќе биде зголемена за шест милијарди евра, а германските покраини и локални заедници од сојузната држава ќе добијат дополнителни три милијарди евра“, пренесуваат медиумите.

„Сојузната држава на покраините им вети изградба на околу 150.000 сместувачки места за бегалците, место сегашните 45.000 што одговараат за зимски стандарди, а кога станува збор за прифатните центри, тука подносителите на барањата за азил ќе можат да живеат до шест, место сегашните три месеци и , тогаш, што се однесува, пред се, на Балканит, директно да се враќаат во земјите на своето потекло.

„Протерувањето на одбиените азиланти во иднина ќе може да се одложи за најмногу три, место сегашните шест месеци, и на оние, кои мораат да ја напуштат земјата, а тоа не го сториле во предвидениот рок, ќе им биде ограничена помошта.

 

Слични содржини