Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Појасни дека постапката ќе биде по анализа на Државната лотарија, кои се оние нелегални приредувачи на игри на среќа и на министерството испраќаат нотификација, со табела на точна веб страница, којашто треба да се забрани.
Пред да се донесат законските измени за електронски комуникации, во кои е опфатено нелегалното електронско коцкање, направени се анализи. Според министерството за дигитална трансформација во тој период биле детектирани 160 веб страници на коишто нелегално се приредувале игри на среќа.
-Што значи во првиот бран ќе бидат повеќе од 160, но мислам дека и во секој нареден бран, како ќе забележува Државната лотарија и други заинтересирани странки забележуваат дека постојат нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн во Македонија, тие можат да не информираат и ние веднаш ќе постапуваме, изјави Андоновски.