Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот Португалец Кристијано Роналдо наскоро ќе го напушти Јувентус.
Шампионот на Италија го донесе Роналдо пред три години да се обиде да ја освои Лигата на шампионите, сепак со славниот Португалец не успеаја ниту да се пласираат во полуфиналето.
Роналдо постигна 14 гола во Лигата на шампионите за три сезони во дресот на Јувентус, еден помалку отколку што даде последната година во дресот наРеал во ова натпреварување.
Роналдо има договор до крајот на сезоната 2021/2022 и скоро е сигурно дека ќе ја промени средината на лето.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо наведува дека Јуве ќе направи голем „ремонт“ на тимот и дека тимот ќе се гради околу младите играчи Федерико Киеза, Матијас Де Лихт и Вестон Мекена.