Старата љубов помеѓу Џаред Лето и Анџелина сепак не згаснала

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Не само Бред Пит успеал да најде нова љубов. Неговата 41-годишна поранешна сопруга Анџелина Џоли, исто така не губи време и веќе излегува со актерот и музичар Џаред Лето. Тој успеал да ја врати насмевката на лицето на Џоли, тврдат извори на списанието “Heat”.

“Џаред е безгрижен и малку луд. Тој е тип, погоден за Анџелина “, констатира изворот. “Тој е учесник во кампањите за правата на ЛГБТ и соработува со многу добротворни организации, како и самата Енџи. Кога таа поднесе барање за развод со Бред, Џаред беше еден од првите кои ѝ се јавија “, раскажува информаторот.

45-годишниот Лето ѝ заѕвонил на Џоли, за да дознае како е, а потоа двајцата се сретнале лично. “Меѓу нив веднаш пламна искра. Во сите години тие беа пријатели и меѓу нив секогаш имало хемија “, увери изворот.

Оние со подобра меморија од нас паметат дека пред да започне романсата со Бред, Анџелина веќе имала краток флерт со Лето. Како што велат: “Старата љубов рѓа не фаќа”.