Синџирот кафетерии “Старбакс” (Starbucks) во Велика Британија ќе додаде во менито алкохол за привлекување на посетители, пишува весникот “Дејли Меил” (Daily Mail).
“Стигнавме до заклучок дека и во вечерно време посетителите сакаат да одат во кафуле, наместо во бар”, вели потпретседателот на американската компанија Рис Ли. Планирано е отворање на 100 специјални продавници “Старбакс ризрв” (Starbucks Reserve), во кои клиентите ќе бидат опслужувани од келнери. По 16:00 часот на посетителите ќе биде понудено вечерно мени кое вклучува вино и пиво со соодветните придружни мезиња, посочува РИА “Новости”.
“Старбакс корпорејшн” е меѓународен синџир на кафулиња. Нејзината централа е во Сиетл, Вашингтон, САД, каде што е отворено првото кафуле.