112
Повозрасен човек е обвинет за измачување на животни, информираат од МВР.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.
-На 05.09.2024 пријавениот во дворно место во семејната куќа во Крива Паланка, се обидел да отруе куче и измачувал мачка, посочија од полицијата.
Во член 233 од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело мачење животни, се вели дека тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.