Старец со пушка го усмртил ловечкото куче на соседот

од Nikola Popovski
89 прегледи

Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.

„Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец“, информираат од полицијата.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

Слични содржини