Старецот кој беше нападнат од мечка ќе добие 30.000 денари од општина Пласница

од Nikola Popovski
296 прегледи

Општина Пласница донела одлука на Минче Рамчески да му додели финансиска помош од 30.000 денари за храброст по напад од кафеава мечка. Финансиската помош на седумдесет и шестгодишниот Рамчески му ја додели градоначалникот на општината, Алија Јаоски.

-Денес општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и неговата храброст. Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка. Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период. Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување, објави Јаоски.

Минче сега е во добра состојба, но вели приказната немало да има среќен крај ако не биле ловците кои ја исплашиле и избркале мечката откако испукале куршуми во воздух.

Нападот врз Рамчески е причината поради која директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, доставил барање до институциите за отсрел на агресивни мечки.

Ангелов истакна дека ловот на мечката, иако е забранет со закон, но додава дека отстрелот на агресивни мечки е во согласност со Законот за лов, член 16 став 5. Министерството за земјоделство може да дозволи лов на заштитен дивеч, вклучително и на мечка, по прелиминарен мислење од Министерството животна средина.

Слични содржини