Старлета ги скрши двете нозе на одмор во Турција

од Vladimir Zorba

Британската старлета и реалити ѕвезда Кејти Прајс ги скрши двете нозе на летниот годишен одмор на којшто е во моментот, јавуваат британските медиуми.

За време на одморот во Белек, Турција, таа скокнала од ѕидот во аква паркот и ги скршила двете стопала и зглобовите, па ја поминала целата ноќ во една турска болница. Според британските медиуми, старлетата моментално носи гипс на двете нозе, а таа нема да може да оди во наредните три до шест месеци.

Кејти ја потврди веста на социјалните мрежи, изјавувајќи дека ќе мора да оди на операција откако ќе се врати од одмор.

Старлетата инаку е позната на британската јавност како една од најконтроверзните селебрити во таа земја. Неколку пати била дел од разни реални шоуа, а позната е и по пластичните операции и компликациите што обично следувале по прекумерното одење под нож.

Слични содржини