Старлета во мини бикини го привлече цело внимание на плажата

од desk4
327 прегледи

Ријалити ѕвездата Кејти Прајс се дружеше со својот партнер Карл Вудс, и ги истакна своите бујни облини и впечатливи тетоважи.

Британската старлета Кејти Прајс (44) деновиве се одмара во Шпанија, а фотографите ја уловија како ужива на плажа. Ријалити ѕвездата се дружеше со својот партнер Карл Вудс, и ги истакна своите бујни облини и впечатливи тетоважи. Кејти се обиде да ги воздржи своите бујни гради со ситно сино бикини, но на фотографиите кои се направени изгледа дека не и успеа.

Прајс неодамна изјави дека „во животот имала повеќе пластични операции на гради отколку мажи“.

– Тажно е што сè уште често се чувствувам грдо, иако многу пати сум се оперирала – неодамна призна Кејти, која ја направила првата естетска процедура како тинејџерка, но смета дека старосната граница за пластична операција треба да биде над 21 година.

Слични содржини