Стармер го советувал Зеленски да се врати во САД и да ги поправи односите со Трамп

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Британскиот премиер Кир Стармер го советуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски да се врати во Вашингтон и да ги поправи односите со американскиот претседател Доналд Трамп по вербалниот судир на двајцата претседатели што се случи во петокот пред ТВ камерите во Овалната соба на Белата куќа, објавија денеска британските медиуми.

За време на жестоката размена на зборови меѓу американскиот претседател и неговиот украински колега, Трамп го обвини Зеленски за „коцкање со Третата светска војна“ и „непочитување на Америка“, а украинската делегација потоа беше исфрлена од Белата куќа.

Подоцна истиот ден, британскиот премиер Стармер му се јавил на Зеленски и се обидел да го убеди да се врати во Вашингтон, а потоа му се јавил на Трамп во обид да ги намали тензиите, пренесе лондонски „Телеграф“.

Слични содржини