Стармер нема да поднесе оставка

Портпаролот на британската влада денес изјави дека Кир Стармер е „оптимист и самоуверен“ и нема да поднесе оставка од функцијата британски премиер

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ GBNews

Портпаролот на британската влада денес изјави дека Кир Стармер е „оптимист и самоуверен“ и нема да поднесе оставка од функцијата британски премиер. Прашањето за оставка беше покренато по оставките на шефот на кабинетот на премиерот Морган МекСвини вчера и на четвртиот директор за комуникации во британската влада, Тим Алан, утрово, објави Скај њуз.

На прашање од новинарите, официјалниот портпарол на британскиот премиер кратко рече дека Стармер нема да поднесе оставка. Подоцна додаде дека Стармер е „оптимист и самоуверен“.

Тој „останува решен да се посвети на работата што е пред него“, рече портпаролот. На прашањето дали Стармер е уверен дека има едногласна поддршка од кабинетот, одговорот беше потврден.

Портпаролот, исто така, одби да каже дали Алан е отстранет, како и што мислел со оставката кога рекол дека заминува за да „овозможи формирање нов тим на Даунинг стрит 10“.