Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Долниот дом дека нема да потклекне под притисокот од Вашингтон и дека Обединетото Кралство нема да се откаже од своите принципи и вредности кога станува збор за иднината на Гренланд, дури и под закана од царини.
Обраќајќи се пред пратениците, Стармер повтори дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини на земјите што му се спротивставуваат се целосно погрешни.
Премиерот, исто така, најави дека утре ќе биде домаќин на данскиот премиер во Лондон, што дополнително ја нагласува координацијата меѓу Лондон и Копенхаген околу Гренланд.
Изјавите на Стармер доаѓаат откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Обединетото Кралство ги разочарува САД поради одлуката за предавање на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус.