Stars Coffee се појави на местото на Starbucks во Русија

од Vladimir Zorba

Stars Coffee отвори врати во четвртокот, со што повторно се отвори синџирот на кафулиња во Русија, кои порано беа во сопственост на Starbucks, уште една голема компанија која се ребрендираше по неколкумесечно напуштање на западните компании од земјата, пренесе Ројтерс.

На преполното претставување, раперот Тимати, заедно со косопственикот Антон Пински, го покажаа новиот бренд, чие лого прикажува слика на жена со ѕвезда над главата, пред кафулињата повторно да се отворат во петокот.

Поради забраната за користење на логото на Starbucks, Тимати рече дека барале начин да создадат континуитет, особено со тркалезната форма и „женствениот изглед“, кои според него добро се разликуваат со кафената „машка боја“ на новото лого.

„Перцепциите на луѓето може да бидат различни“, рече Пински. „Но, ако ги споредите, освен кругот, нема да најдете ништо друго заедничко“, додаде тој.

Starbucks одби да коментира за сличноста на логото и името, но се повика на претходното соопштение во кое се вели дека компанијата одлучила да ја напушти земјата и дека повеќе нема присуство на брендот на рускиот пазар.

Бидејќи Starbucks имаше свои ресурси и производствена база, Тимати рече дека дуото морало да најде нови добавувачи, но немале никакви проблеми да го направат тоа.

Stars Coffee увезува зрна кафе од Латинска Америка и Африка, рече Пински, а добавувачите на други производи се со седиште во Русија.

„Само што најдовме други добавувачи, ги најдовме вистинските пекари и со баристите кои ја прават вистинската комбинација, имаме производ за кој мислиме дека може да биде конкурентен“, рече тој.

Starbucks од Сиетл, кој помогна да се популаризира кафето за носење во општество, кое традиционално е љубител на чај, соопшти дека ќе ја напушти Русија по речиси 15 години на крајот на мај.

Starbucks имаше 130 кафулиња во Русија, работеше преку својот сопственик на лиценцата Alshaya Group и имаше речиси 2.000 вработени во земјата.

Пински рече дека кафулињата постепено ќе се отвораат во август и септември.

Слични содржини