CarzCo отвора салон за автомобили во метаверзумот. Не се продаваат нови, туку половни автомобили. Како тоа фунционира?
Стартап компанијата CarzCo го заснова својот бизнис на VR и е првата што лансираше индиски салон за користени автомобили во метаверзумот. Ова значи дека корисниците можат да купуваат користени возила во мета-просторот исто како и во реалниот живот. Компанијата посочува дека внимателно ги одбрала моделите што ги нудела како и состојбата на возилата.
Компанијата нуди алатки за пребарување за да помогне полесно да се најдат автомобили. Има филтер преку кој можете да изберете бренд, модел, опсег на цени, тип на каросерија итн. Целиот систем работи преку NFT. И самата компанија планира да стане првата компанија во светот што ќе го внесе малопродажниот автомобилски сектор во метаверзумот.
Она што сега го знаеме е дека не можеме само да се движиме низ него. Имаме одредени чекори и опсези, простори за преминување. Со самото тоа имаме и начини. Затоа, за да стигнеме од една до друга точка во метаверзумот, мораме да го примениме механизмот на патување од реалниот свет и не можеме само да „замислиме“ дека стигнуваме до таа точка. Ова отвора простор за слоевитост, што овде може да биде поизразено отколку на Инстаграм или во реалниот живот.
Повторно истото. Тие што имаат, ќе купат, тие што немаат – ќе гледаат. Колку треба да имате среќа за да можете да купите користен автомобил во виртуелниот свет, кој сигурно ќе се расипе по неколку километри возење во виртуелниот свет?