Oд денес почнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 мај (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.