Стартува платниот промет: Сметките ќе се плаќаат и во Пошта

од Берта Китинска
446 прегледи

Започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“.

Од денеска  граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово.

Платниот промет во првата недела ќе биде достапен во повеќе единици на Пошта и тоа: Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на месец март услугата ќе биде достапна и во сите останати единици на Пошта, односно на повеќе од 300 точки низ целата држава.

Провизиите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Слични содржини