120
Комисијата за импичмент на Иванов започна со работа и тоа во полн состав.
Дојдоа и двајцата членови на опозициската СДСМ иако беше неизвесно нивното присуство оти го оспоруваа нејзиното изгласување кое според нив беше спротивно на деловникот.
СДСМ побара да се повика Иванов на седницата и да ја образложи одлуката, на што возврати претседателот на комисијата Илиоски. Според деловникот, Комисијата нема право да го повикува шефот на државата.
Инаку, Комисијата има рок од 7 дена да подготви финален извештај, што потоа треба да се достави до Собранието.