Статистичка агенција: Англија е фаворит за ЕП 2024

од Vladimir Zorba
2,3K прегледи

Статистичката агенција „Опта“ ја смета репрезентацијата на Англија за фаворит на претстојното Европско фудбалско првенство ова лето.

„Опта“ им дава 19,9 отсто шанси за титулата на Британците, во првата тројка се и селекциите на Франција (19,1 отсто) и Германија (12,4 отсто).

Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Селекцијата на Англија патувањето на турнирот ќе го започне од групата Ц. Противници на тимот на Герет Саутгејт ќе бидат селекциите на Словенија, Данска и Србија.

Слични содржини