Ставаме крај на неказнивоста за насилствата врз новинарите, изјави Маричиќ

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, изјави дека Владата на денешната седница усвоила повеќе измени и дополнувања на Кривичниот законик, а првите се однесуваат на новинарите.

Со тие измени се предвидуваат конкретни новини со кои значително се зголемува безбедноста на новинарите, но и медиумските работници, односно снимателите и фоторепортерите.

Министерот очекува овие законски измени веднаш, како што рече, ќе бидат проследени во Собранието, за да бидат усвоени во септември.

– Со овие измени ставаме крај на можности за минати пракси неказнивоста за насилствата врз новинарите и кога новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичката и институционална одмазда поради професионалното извршување на својата работа, посочи денеска Маричиќ.

Слични содржини