Ставена пломба на ноќниот клуб „Привилиџ“

од Nikola Popovski
370 прегледи

Според информациите од Државниот пазарен инспекторат, веќе поодамна бил издаден налог за затворање на објектот, кој што не бил испочитуван и денеска бил затворен од ДПИ. Такви активности треба да се земаат во континуитет, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за денешната ставање пломба на ноќниот клуб „Привилиџ“ во градскиот парк.

Министерот појаснува дека секогаш има бурни реакции кога оди мешовита контрола заедно со УЈП, Финансиска полиција и МВР и зошто се прават контроли.

-Еве ги причините и одговорите. Нема изговор тука. Јас сум за тоа дека ниту еден објект без лиценца и потребна документација да работи, рече Спасовски во емисијата „Топ тема“.

Ноќниот клуб пред кого до смрт беше претепан хрватскиот ракометар Денис Тот немал лиценца за работа, изјавија денес од Државниот пазарен инспекторат.

-Даден е налог да се изврши инспекциски надзор и мерките се согласно закон за угостителска дејност – издавање на решение за привремена забрана за вршење на дејности и издавање прекршочни платни налози, истакнаа за „Локално“ од ДПИ.

Слични содржини