105
САД целосно го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина со помош на Европската унија, а специјалниот пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во регионот за да го поддржи тој процес, соопштија денеска за Танјуг од Стејт департментот.
Како што претходно најавија од Претседателството на Србија, Ескобар утре во Белград ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Приштинските медиуми јавија дека американскиот дипломат по Белград ќе ја посети Приштина.