Стејт департментот за човековите права во Македониja: Владата презеде чекори, но корупцијата останува главна грижа

од Nikola Popovski
194 прегледи

Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција, стои во најновиот извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија во изминатата 2022 година.

Во извештајот се додава дека јавните анкети постојано ја наведуваат корупцијата како една од главните грижи за граѓаните во Македонија.

Во него, меѓу другото се наведува дека иако во земјата има закон кој предвидува кривични казни за корупција од страна на официјални лица, сепак постојат извештаи за функционери кои се вмешани во корупција.

Клучните забелешки на американскиот Стејт Департмент се за недостиг на одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани за насилство врз новинари и закани за насилство насочени кон припадници на ЛГБТ-и заедницата.

-Различни домашни и меѓународни групи за човекови права генерално работеа без владини ограничувања, истражувајќи и објавувајќи ги нивните наоди за случаите за човекови права. Владините претставници беа донекаде кооперативни и реагираа на нивните ставови, стои меѓу другото во извештајот.

Слични содржини