Стеф Кари испиша нова историја во НБА – никој досега не успеал да го направи ова!

од Nikola Popovski
88 прегледи

Стеф Кари влезе во историјата на НБА лигата. Голден Стејт Вориорс го совлада Сакраменто Кингс со 130:104 во НБА лигата. Покрај тоа што Вориорс ја забележаа шестата последователна победа, овој меч е посебен и за уште една навистина забележителна работа.

Имено, Стеф Кари влезе во историјата на НБА-лигата, станувајќи првиот кошаркар кој надминал 4.000 постигнати тројки во кариерата.

Кари натпреварот го заврши со 11 поени, а овој импресивен рекорд го постигна во третата четвртина.

Зад Кари на оваа листа е Џејмс Харден со 3.127 тројки, додека на третото место е Реј Ален со 2.973 тројки.

Инаку, најефикасен кај Вориорс беше Дрејмонд Грин со 23 поени, а на другата страна исто толку постигна Маркус Де Розен.