Стеф Кари сака да ги следи стапките на Мајкл Џордан

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, изразил желба да стане сопственик на НБА тим по завршувањето на неговата професионална кариера.

36-годишниот предводник на „воините“ би сакал да тргне по стапките на Мајкл Џордан, кој по завршувањето на легендарната кариера стана на чело на Шарлот Хорнетс.

„Секако дека размислувам за тоа. Го видов Џордан како го прави тоа. Можам да завршам добра работа и да применам дел од работите што ги научив во текот на мојата спортска кариера. Знам што треба да се направи во организација на шампионатот“, изјави Кари во интервју за CNBC.

Стеф е под договор со Голден Стејт до сезоната 2026/27, откако пред неколку недели потпиша едногодишно продолжување во вредност од речиси 63 милиони долари.

Слични содржини