Стеф Кари стана број 1 во плејофот по реализирани тројки

од Vlatko K
94 прегледи

Ѕвездата наГолден Стеј, Стеф Кари стана играч со најмногу тројки во НБА плејофот откако постигна
8 за шампионите во победата над Лос Анџелес Клиперс со 121: 104.


„Воините“ победија убедливо и поведоа со 1:0 во серијата, а Кари заврши со 38 поени. Тој го
надмина Реј Ален и сега има 386 прецизни удари во елиминациите, а по натпреварот го изрази
своето задоволство.
„Ова е нешто посебно. Секој пат кога ќе успеете да ги совладате некако Реј Ален или Реџи Милер,
тоа е фантастично“, рече Стеф, кој ги подобри своите перформанси рано, едвај во неговото седмо
плејоф учество.

Кевин Дурант забележа 23 поени за домаќините, пред да биде исфрлен заедно со Патрик Беверли
откако влегоа во конфликт во последната четвртина. Натпреварот сепак веќе беше решен.
Голден Стејт замина со 69:56 на паузата, а по третиот дел, нивната предност се зголеми на 19
поени. Шампионите ќе бидат домаќини и на натпреварот бр.2.

Средби од првото коло во плејофот на НБА (се игра до четири победи во седум натпревари):
Источна конференција:
Торонто – Орландо 101: 104
* Орландо води со 1:0 во серијата.
– – –
Филаделфија – Бруклин 102:111
* Бруклин води со 1:0 во серијата.

Западна конференција:
Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 121:104
* Голден Стејт води со 1:0 во серијата.
– – –
Денвер – Сан Антонио 96:101
* Сан Антонио води со 1:0 во серијата.