Стефан, Тара и Јелена му приредија прекрасен дочек на Ѓоковиќ: Исцртаа прекрасна порака од топчиња (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно се врати дома откако го освои Австралија опен и 18-та грен слем титула во кариерата. Тоа беше долг период за Новак, бидејќи тој најпрво мина 14 дена во карантин, потоа играше на АТП-купот, а потоа две недели на Австралија опен, каде се бореше со повреда и сопственото тело.

Сепак, по обврските што ги имаше како шампион кон медиумите, Новак конечно можеше да се врати дома кај семејството, кое му приреди спектакуларен пречек.

Имено, на тениското игралиште кое Ѓоковиќ го има во својот дом во Марбела, од тениски топчиња беше исцртан бројот 18, покрај кој беше исцртан пехарот, кој го означува бројот на освоени грен слем титули. Исто така, тука беа и зборовите „мама“, „Тара“ и „Стефан“, како и пораката „Те сакаме“.

Слични содржини