Судењето за “Плацевите на Водно” стартуваше денеска.
„Груевски беше премиер повеќе од 10 години. Во целиот овој период тој негуваше статус на лице кое е безимотно, нема возило, има заштеда од плата и живее во станот на мајка си.Ќе ги изведам сите материјални докази со кои судот ќе се убеди дека Груевски купил плац од 2700 м2, веднаш до резиденцијата на Вилма Трајковска. Таму требало да никне барокна куќа. Плацот бил купен со пари – поклон од сведок на јавното наддавање во Мин за транспорт за 100.000 евра. Груевски обезбедил и два плаца во Крушево, имот кој бил негов, но не го пријавил во анкетниот лист“, рече Обвинителката Лиле Стефанова во воведниот говор.
„Плацовите на Водно“ како посебен предмет произлезе од случајот „Империја“. На листата осомничени за плацовите се шестмина, меѓу кои – Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева, Сашо Мијалков…Сомнежите на обвинителството се дека со пари од членарина и партиски донации за ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни плацови на Водно. Станува збор за земјиште од 11 000 квадратни метри и сума од 1,3 милион евра.
Предметот го води судијата Илија Трпков, а обвинител во случајот е Лиле Стефанова.