Бегалците од Авганистан што треба да пристигнат во земјава не се закана по безбедноста, бидејќи станува збор за соработници кои помагале на нашите војници и на сојузниците. Станува збор за профили на луѓе кои се новинари, дел од невладини организации, професори, кои поради безбедности причини мораат да бидат евакунирани, изјави воено-безбедносниот аналитичар Милан Стефановски во интервју за ТВ 24.
Според него, тие ќе бидат тука привремено, а понатаму ќе бидат трасирани кон САД и Канада.
-Затоа се вградени тие 90 дена привремен престој. Македонските безбедносни служби треба да знаат кој доаѓа, да ги легитимираат и обработ во делот на безбедноста, односно да имаме размена на информации со разузнавачките служби од делови на Авганистан. Потоа да бидат префрлени во центри, каде ќе бидат строго набљудувани, потенцира Стефановски.