Стефановски: Еврометар ја покажува Бугарија како земја, непријателство и закана

Во рамки на своето гостување во „Студио 10“, извршниот директор на Евротинк, Иван Стефановски, ги потенцираше информациите од најновиот Еврометар.

„Еврометарот е традиционална поддршка на евроинтегративниот процес на земјава. Ова издание 2021. година, Еврометарот ќе содржи прашања за меѓународната политика, генерални прашања за довербата на граѓаните во институциите, како и полицијата и нивното работење. Во секој случај, според нам познатите податоци, граѓаните се уште се за влез во Европската Унија. Во рамки на непријателството и закани, граѓаните ја посочуваат Бугарија како земја сосед, иако тој процент е намален, со оглед на тоа што истиот во декември изнесуваше 80%. Испитаниците во рамки на довербата во институциите, ги посочуваат како „недоверливи“ судството, правдата, полицијата па и Државната комисија за спречување на корупцијата“, истакна Стефановски.

Слични содржини